Свет
31. January 2016 - 10:08

Австрија планира до 2019. да депортира 50 илјади мигранти

Австриската Влада планира да депортира 50 илјади мигранти следните три години, според планот, кој вчера го пренеоа австриските медиуми, јави ДПА.

Планот е објавен во момент, кога различни европски земји се обидуваат да усвојат порестриктивна политика кон мигрантите. Шведска на пример планира да депортира 80 илјади кандидати за азил.

Владата во Виена објави претходно овој месец дека таа ќе го ограничи приливот на бегалци на 37.500 оваа година. Минатата година беа примени 90 илјади бегалци.