-->
-->
Авионот на Харисон Форд речиси ќе удреше во друг авион
-->
Авион кој го управуваше познатиот актер Харисон Форд неочекувано по грешка на пилотот прелета над патнички авион со 110 патници додека слетуваше на аеродромот во јужна Калифорнија, покажа неодамнешната објавена видео снимка.
На снимката во траење од 45 секунди се гледа како ѕвездата на филмовите „Војна на ѕвездите“ и „Индијана Џонс“ за малку избега несреќа минатата недела на аеродромот „Џон Вејн“ во областа Оринџ.
На Форд (74) му беше речено да го слета неговиот авион со еден мотор на пистата, но тој наместо тоа слетал на паралелната помошна писта.
Патничкиот авион со 110 патници и шест членови на екипажот, безбедно го продолжил летот кон Далас неколку минути подоцна.
Не е објаснето зошто Форд ја направил таа грешка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер