Балкан
7. November 2017 - 11:15

Атина: Револуционерна самоодбрана стои зад нападот врз седиштето на ПАСОК

Грчките безбедносни служби сметаат дека зад вчерашниот напад врз седиштето на Сегрчкото социјалистичко дрвижење (ПАСОК) во Атина стои левичарската организација Револуционерна самоодбрана, која и во минатото вршела напади врз партијата.

Нападот беше извршен во време кога во зградата имало 30-на активисти на ПАСОК, но притоа немаше повредени.

Напаѓачот отворил оган врз полициското обезбедување на партискиот штаб од растојание од околу 40 метри, но двајцата полицајци го забележале сомнителното лице и се засолниле на време, по што напаѓачот побегнал на мотор.

Револуционерна самоодбрана е осомничена и за слични напади врз амбасадите на Мексико и Франција во август и ноември 2016 година.