Македонија
5. December 2021 - 13:59

Арсовски: ФИТР испумпува пари и ги доделува на луѓе блиски до СДСМ

Додека молчат од СДСМ и Фондот за иновации за одредени скандалозни таканаречени иновации кои што тие самите си ги нарекуваат иновации, односно поддржани проекти што ги поддржуваат со парите на граѓаните, истите тие граѓани чии пари ги трошат тонат секојдневно во сиромаштија.

Додека СДСМ и Фондот поддржуваат проекти од типот – рецепта за пица пинса романа во вредност од 2.4 милиони денари или проекти за некакви иновации на најблиските луѓе на Зоран Заев од Струмица, инаку тоа е проект поддржан од човек познат како Миле Милановиќ и најголем промотор на Зоран Заев, и дел од раководството претходно на СДСМ на Струмица, најголем дел од граѓаните на крајот од месецот остануваат без пари.

Еве денес сакаме да јавно да прашаме, дали Фондот за иновации дал пари за проект, односно дал 2.7 милиони денари на поранешниот директор на Фондот за здравство и телеком од СДСМ, Рубинчо Заревски? Овој човек беше директор во времето на СДСМ и во владата на Владо Бучковски.

Фондот за иновации работи полошо од било кога ги троши парите недомаќински, полошо од било кога и од било која институција на СДСМ.

Најголем дел од проектите кои се поддржуваат, се проекти кои се залудно потрошени пари од страна на овој Фондот за иновации, пари на граѓаните.

Граѓаните сами коментираат и самите гледаат и воочуваат дека парите завршуваат кај блиски луѓе до СДСМ, а не кај вистинските иноватори кои што не можат да се здобијат со било каков проект.

Се плаќаат во милионски суми рецепти за пица, никој не знае каква е успешноста на проектите и никој не води никаква ревизија како се потрошени парите и каде завршуваат.

Но, ревизија ќе има за секој еден проект откако ќе се смени власта.

Начинот на испумпување пари од Фондот за иновации кој го осмисли СДСМ мора да еднаш за секогаш да прекине. Коста Петров мора да сфати дека не располага со негови домашни пари, туку со парите на граѓаните, тоа се државни пари и за тоа следи одговорност доколку лошо постапува.

Времето на делење пари по пријатели, познаници и партиски поддржувачи на СДСМ мора да заврши и конечно да се гледа вистинскиот квалитет.

 

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ