Loading Video...
Фудбал
2. August 2020 - 15:21

Арсенал го освои ФА Купот

Тимот на Арсенал е освојувач на трофејот во најмасовното англиско фудбалско натпреварување. 
 
Во финалето на ФА Купот, Арсенал беше подобар од градскиот ривал Челзи со 2:1 иако „сините“ со голот на Кристијан Пулишиќ поведоа први уште во петата минута. 
 
Во продолжението на мечот, следуваа два гола на Обемејенг, Нанјапред во 28-минута од пенал го израмни резултатот, а вториот воедно и победнички гол го постигна во 67-та минута. 
 
Така Арсенал по пауза од три години освои трофеј во ФА Купот, што е вкупно 14-ти за овој тим во историјата, но што е уште поважно, тоа им донесе пласман на „топчиите“ во Лигата на Европа, откако сезоната во Премиер лигата ја завршија дури на осмото место.