Македонија
18. November 2019 - 16:27

АРМ се опреми со георадар, кој открива антипешадиски и антитенковски мини

Три подземни мини во дворот на Машинскиот факултет во Скопје. На успешна презентација во дворот на факултетот ги пронајде новиот Гео радар, детектирајќи ги мините поставени од раководителите на проектот.

Најмалку 15 илјади луѓе годишно се жртви на подземни мини, а новата опрема на АРМ ќе може да открие два типа – противпешадиски и антитенковски.

Уредот ќе се користи и во интерес на нашата армија, но и на НАТО алијансата. Задоволна од успешната презентација, министерката за одбрана најави поголеми средства од буџетот за научно-иновативни решенија.

Гео радарот е развиен во соработка меѓу факултетите од Скопје, Марибор и Тузла и финансиран од НАТО со вкупно 400 илјади евра, а ќе најде примена и во повеќе области, како за археолошки истражувања, тестирање патишта, форензика, геологија и за мапирање урбана инфраструктура.