Ардерн: Односите на Нов Зеланд со Кина стануваат сè покомплексни
Како што зајакнува глобалната улога и важноста на Пекинг, односите со Кина, најголемиот трговски партнер на Нов Зеланд, стануваат сè покомплексни, изјави денеска премиерката Џасинда Ардерн.
Премиерката на Нов Зеланд ја даде оваа изјава додека нејзината земја е под притисок на западните сојузници, бидејќи одбива да ја критикува Кина во рамките на разузнавачкиот сојуз „Пет очи“.
Говорејќи на Кинескиот деловен самит во Оукланд, Ардерн истакна дека има прашања за кои Кина и Нов Зеланд „не се согласуваат и не можат да се согласат“.
Таа посочи дека овие разлики не ги одредуваат односите меѓу двете земји и оцени дека ова е предизвик со кој се соочуваат и другите земји во индопацифичкиот регион и во Европа.
Ардерн и министерката за надворешни работи Нанија Махута се залагаат за нова „независна надворешна политика“, која не е лојална на политиките на ниту еден голем геополитички блок.
Премиерката потврди дека Нов Зеланд ќе продолжи да го изразува својот став во духот на партнерството и истакна дека односите со Кина нема да бидат секогаш едноставни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати