Македонија
8. September 2020 - 19:24

Арбен Зибери хоспитализиран на Инфективна клиника

Поранешниот  директор на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери, денеска во тешка состојба бил пренесен на Клиниката за инфективни болести. Toj e позитивен на Ковид-19.

Поради неговата состојба, Зибери за да гласа во посебни услови беше донесен во Собранието, каде својот глас го даде од изолирана просторија, а веста дека е позитивен на Ковид-19 уште вечерта ја потврди претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако го стави на гласање предлогот за новата Влада.