Македонија
3. January 2018 - 10:09

Апсење на граничниот премин „Долно Блаце“

Македонската полиција уапси албански државјанин на граничниот премин „ Долно Блаце“. Според информациите на МВР, вчера во 00.05 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ бил приведен и задржан В.З. (23) од Драч, Република Албанија, со бугарска патна исправа. Тој биле приведен поради тоа што против него имало распишана меѓународна потерница од Сојузна Република  Германија.

Подоцна тој бил  спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.