Македонија
3. August 2019 - 15:53

Апсење кај наплатната рампа во Гостивар

На 02.08.2019  во 20,15 часот кај  наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле К.Н.(27) и Б.Д.(23) двајцата од Скопје поради тоа што кај нив биле пронајдени марихуана и кокаин. Лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.