Апокалиптични снимки од Германија: Надојдена вода носи се пред себе!
Во силното невреме што во последните 24 часа погоди големи делови од Германија, а во изминатата ноќ на удар беше нејзиниот јужен дел, загинаа најмалку три лица, соопштија денес властите.
„Најмалку три лица ги изгубија животите во поплавите предизвикани од силното невреме“, соопшти министерството на сојузната покраина Баден-Вуртемберг, која е најтешко погодена од невремето.
Во соопштението се истакнуваат и „големите материјални штети“ од поплавите и надојдените води. Како „особено трагичен“ е истакнат инцидентот во Швабиш Гмунд каде загинал еден пожарникар на задача, и едно лице кое се обидело да му помогне. Третата, засега непозната жртва, животот го загубила кога водата надошла во подземна гаража.
Најмногу проблеми предизвикуваат реките Ремс и Јозефбах кои по вчерашното невреме поради обилните дождови ги преплавиле своите корита.
Метеоролозите очекуваат смирување на невремето дури утре, додека денес на удар треба да биде западот на Германија, каде се очекуваат нови невремиња со дожд и град.
Снимката од местото Хал во покраината Баден Вуртемберг покажува каллива надојдена вода која се движи со голема брзина и носи сѐ пред себе. Предизвикана е голема материјална штета која допрва ќе се проценува.
На одредени места нивото на водата достигнало неверојатно седум метри.
Ново на Сител
-
Куман: Ако сакаме повеќе, мора да купиме нови играчи, ако никој не дојде, ќе останеме на ова ниво
-
Димитров и Османи утре во работна посета на Брисел
-
Самарас: Договорот од Преспа не го реши проблемот, Грција даде име, идентитет и јазик
-
Утре почнува 61-от круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција
-
88 санкции за брзо возење на автопатот Скопје-Тетово, значително намлен борјот на сообраќајни незгоди
-
И за моторите важи мерката за привремено одземање возило поради истечена регистрација
-
Пронајдено закопано оружје во Блаце
-
ЕУ: Ќе ги принудиме фармацевтските компании да го почитуваат договорот за испорака