Свет
14. August 2016 - 10:06

Апокалиптични сцени од Америката: Водата носи се пред себе, луѓето смрзнати, домовите поплавени

Сцените со потопени автомобили, куќи, смрзнати и мокри луѓе, домашни миленичиња во кутии за спасување, се само дел од оние што може да се видат во неколку американски градови, погодени од поплави. Но не е се завршено.

Најмалку две лица загинаа, а уште двајца се повредени во поплавите во американските сојузни држави Мисисипи и Луизијана, поради што се евакуирани 1.000 граѓани.

Поради дождот кој паѓа веќе два дена гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс прогласи вонредна состојба, по што се затворени училиштата, државните институции и многу патишта, пренесува Ројтерс.

Во близина на градот Бејкер во Лизијана е пронајдено тело на 68-годишен маж, кој се удавил додека се обидувал да се евакуира од својот дом, изјави судскиот истражител Вилијам Кларк.

Foto: AP/Tanjug

Покрај тоа на северот од Луизијана во едно камионче пронајдено е тело на неидентификуван маж, откако надојдената вода во однела неговото возило од патот во близина на градот Гринсбург, соопшти локалниот шериф.

Foto: AP/Tanjug

Американската национална метеоролошка служба објави предупредување дека во текот на викендот може да дојде до поплави во деловите на јужен Мисисипи и на југоистокот од Луизијана, вклучувајќи го и Њу Орлеанс.

Foto: AP/Tanjug

Истите сојузни држави поплави ги погодија и во март, кога загинаа најмалку 4 лица, а над илјада куќи беа оштетени.

Foto: AP/Tanjug

Foto: AP/Tanjug

Погледнете што направи поплавата во Луизијана: