Македонија
11. January 2019 - 16:28

Апелација ги одби жалбите на барањата за амнестија

Апелациониот суд не дозволи слобода за петтемина неамнестирани за собраниските настани од 27 април.. По одржаните седници, апелационите судии ги одбија жалбите на Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Оливер Поповски и Горанче Ангеловски.. Се жалеа на одлуката на Кривичниот суд кој не ги амнестираше според законот донесен на крајот од минатата година..

Апелациониот суд не одлучи за жалбата на собранискиот обезбедувач, Горан Ѓошевски – Леви.. Предметот е вратен во кривичниот суд заради технички недостатоци.. Тие вчера пред судиите ги предочи одбраната на Леви.. Во образложението на одлуката, наместо името на Ѓошевски, стоело на обвинетиот Абдулфета Алими кој исто така не доби амнестија..   

На денешните јавни седници, одбраната на Василевски-Нинџа и Ангеловски – Ќосето имаше низа забелешки на одлуката на Кривичниот суд.. Велат дека во своите образложенија судот наведувал различни дејствија на обвинетите од оние кои ги содржело обвинението.. Сметаат и дека кривичен немал надлежност да одлучува за амнестијата..

Законот за амнестија не опфати 13-мина обвинети за собраниските настани.. Обвинителството имаше негативни мислења а таква одлука донесе и Кривичниот суд..

Инаку судењето за „27 април“ продолжува идната недела со завршни зборови.. По примената на законот за амнестија, на обвинителна клупа останаа 18-мина.. Пет од нив воопшто не побараа амнестија..