Антивладини протести во Тирана
Неколку ијлади сипатизери и приврзаници на албанската опозиција се сообра денеска на антивладини протести во Тирана, од кои се побрани оставки на албанскиот премиер Еди Рама и на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај.
Демонстрантите, предводни од лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша. дефилираа по „Булеварот на мачениците“, скандирајќи „Рама оди си“.
Учесниците на протестите носеа транспаренти со антивладини пораки и знамиња на Албанија и ЕУ, а додека минуваа пред Владата и Министерството за внатрешни работи, дел од демонстрантите маваа со камења и други предмети кон зградите.
Опозицијата го обвинува премиерот Рама за поврзаност со организираниот криминал, а министерот Џафај дека ги прикривал криминалните активности на неговиот брат Агрон, кој во Италија уште во 2002 година е осуден за шверц на дрога. По притисокот од јавност, минатата недела Агрон Џафај замина во Италија, каде им се предаде на властите за да ја отслужи казната.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право