Македонија
3. February 2023 - 20:01

Антикорупционерите бараат Наумче Мојсоски кривично да одговара

Државата годишно издвојува и по една милијарда денари за поддршка на спортот, но никој не знае каде завршуваат овие пари.

Антикорупцинерите поднесоа кривична пријава за директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на комисијата која решава кои поединци, федерации и клубови добиваат финансиска поддршка.

Анализата на ДКСК за изминатите три години отвора сомнеж дека агенцијата го злоупотребила  ваучер системот, а никаков одговор не добиле ниту од федерациите и спортските клубови кои во овие три години добивале пари.

Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало, изјави Георгиев.

И директорот на Агенцијата и членовите на комисијата се избираат од страна на владата, но без утврдени критериуми. Антикорупционерите бараат Владата да ги разреши сите нив, а со измени на законот на спорт да се воспостави праведен систем кој нема да остави простор за фаворизирање.

-Не гледаме дека сите препораки кои го дадовме се правилно применети, така што јасно е дека овој систем не дава соодветни резултати. Се надевам дека овие податоци ќе бидат доволна основа за законски измени кои ќе изградат праведен систем, порача Ивановска.

Директорот на агенцијата за млади и спорт засега е без коментар за обвинувањата. Во куса порака Мојсовски ни одговори дека пред конференција на оваа тема ќе организира во понеделник.