Свет
17. November 2019 - 9:59

Анкети покажуваат намалување на бројот на приврзаници за независност на Каталонија

Независноста на Каталонија ја поддржуваат 41,9 отсто жители на таа шпанската покраина, додека 48,8 проценти се против, според анкета на каталонскиот Центар за истражување на јавното мислење.

Анкетата беше спроведена од 16 септември до 7 октомври, пред да бидат осудени каталонските сепаратисти, а испитаниците одговорија на прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава?“

Анкетата покажа дека бројот на оние кои бараат отцепување од Шпанија опаѓа, бидејќи пред референдумот во 2017 година за самостојност биле 48,7 проценти од анкетираните.