Свет
23. јуни 2016 - 15:05

Анкета: „За“ ЕУ 52 проценти од Британците

Додека се одржува референдумот во Велика Британија, агенцијата за испитување на јавното мислење „Ипсос МОРИ“ ги објави резултатите од најновата анкета, според која, 52 проценти од Британците се за оставување на Велика Британија во Европска унија, а 48 отсто за излез на земјата од блокот.

Анкетата е спроведена во вторникот и во средата, два дена пред гласањето, за весникот „Ивнинг стандард“.

Најверојатно тоа е прва анкета објавена на самиот ден на гласањето.