Анкета: Поскапувањето на цените – најголема загриженост за Грците
За 85,3 отсто од Грците, поскапувањата на цените предизвикуваат најголема загриженост, а за речиси половина од анкетираните (49,8 отсто) националните прашања односно грчко- турските односи, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc” за грчката телевизија „Антена”, јави дописничката на МИА од Атина.
За грчко-турските односи, повеќе од половина анкетирани, односно 56,5 проценти сметаат дека владиниот став во однос на Турција е во правилна насока, 52,1 отсто одговориле дека е сигурно или веројатно можно во текот на летото да има некаков инцидент во Егејското Море, а 45,3 проценти оцениле дека не е многу/воопшто веројатно.
Во однос на сценаријата за предвремени избори во земјата на есен, кои во изминатиот период се сè погласни, речиси седум од десет анкетирани (67,3 отсто) оценуваат дека ќе се одржат на есен, а 46,5 проценти го посакуваат тоа, наспроти 48,1 отсто кои посакуваат изборите да бидат следната година, на крајот од четиригодишниот мандат на Владата.
На политичката сцена, Нова демократија, според резултатите и од оваа анкета има подобар рејтинг од опозициската СИРИЗА со разлика од десет отсто.
Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Marc” за телевизијата „Антена” било спроведено од 22 до 25 јуни со вклучени 1.059 лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација