Анкета: Половина од Грците ќе ја примат вакцината против Ковид-19
Еден од двајца Грци, односно 52,1 отсто сигурно или веројатно ќе се вакцинираат против Ковид-19, додека 64 отсто од анкетираните велат дека мерките воведени од Владата се неефективни, според истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „MRB“ за грчката телевизија „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина.
За основните причини за вториот бран, 48,4 отсто смета дека тоа е туризмот, односно увезените случаи на коронавирусот, 42,8 проценти рекле дека причината е непослушноста на конкретни групи граѓани, 39,6 отсто јавниот превоз, 29,6 проценти како причина ги посочиле кафулињата, клубовите и угостителските објекти, а 24,6 проценти велат дека мерките биле задоцнето донесени.
Сепак, половина од анкетираните сметаат дека Грција подобро се справува со вториот бран на пандемијата, споредбено со други земји.
Речиси седум од десет Грци, односно 67,7 проценти одговориле дека коронавирусот се пренесува со причестувањето во црквите.
На политичката сцена, владејачката Нова демократија, според резултатите од истражувањето, е во предност од 15,9 проценти во однос на опозициската СИРИЗА, а потоа следат Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто