Македонија
10. May 2016 - 16:17

Анкета на ,,Павел Шатев‘‘: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со повеќе од двојна предност пред СДСМ и Заев

49,6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, покажува последната анкета на Институтот Павел Шатев. На прашањето која партија ќе победи на изборите, за можноста тоа да биде СДСМ се изјасниле само 20 % од анкетираните.

Споредено со претходна анкета на истиот Институт правена од 20 до 22 април, ВМРО-ДПМНЕ забележува раст на рејтингот од 0,1%, додека поддршката на СДСМ опаднала за 0,7%.

Груевски се уште е најпопуларен политичар со рејтинг од 30,8%. Во Заев веруваат 11,4%. Споредбените податоци од априлпокажуваат константа кај Груевски, додека кај рејтингот на Заев има намалување за  0,6%.

На прашањето за позитивно и негативно мислење за Заев и за Груевски, граѓаните имаат многу поголемо негативно мислење за Заев, наспроти Груевски.

58% негативно гледаат кон Заев, наспроти 22 та проценти позитивно мислење. Овие резултати покажуваат висок процент на зголемување на недовербата кај Заев за неполн месец. Во април за Заев имале 46.8% негативно мислње. 

Кај Груевски состојбата е поинаква. За него позитивно се изјасниле 53.7% од анкетираните, наспроти 31 % негативно мислње. Споредбените анализи покажуваат дека кај Груевски за еден месец пораснала довербата за речиси 3 %.

Позитивно мислење од 54% граѓаните имаат и за Претседателот Ѓорге Иванов.

Во анкетата на Павел Шатев граѓаните одговарале и на прашањето дали е вршен притисок на некого на денот на изборите, на што негативно одговориле 88 проценти.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот помеѓу 06 и 08 мај врз репрезентативен примерок на 1 070 испитаници.