Балкан
1. November 2017 - 9:40

Анкета: Грците се борат со секс против кризата

Грците изгледа „удриле“ на секс, откако во локална анкета се нагласува дека сексуалните односи на мажите на возраст меѓу 18 и 34 години се зголемиле за 35 отсто во изминатите четири месеци од година во споредба со истиот период во 2016 година, објави грчкиот сајт Њуз-ин.

Тој неочекуван резултат се гледа од анкета на Андролошкиот институт во Атина, кој нагласува дека сексуалниот живот на Грците станал поинтензивен заради економската криза и несигурноста.

Се претпоставува дека зголемената сексуална активност е резултат на самозаштитна реакција со која Грците сакаат да ги надминат тешкотиите со кои се соочуваат и кои не можат да ги контролираат.

Анкетата е направена под форма на телефонско интервју со учество на 600 мажи на возраст меѓу 25 и 64 години. Мажите на возраст од 35 до 54 години имале повеќе сексуалните односи за 30 отсто, а меѓу мажите над 54 години е регистрирано зоглемување за 27 отсто, нагласува во резултатите Андролошкиот институт. 

Институтот, иста така соопшти дека според последните податоци, во оваа установа дошле 10 пати повеќе мажи во однос на последните години, кои барале зголемување на пенисот. Андролошкиот институт наведува, дека она што посебно загрижува е тоа што зголемување на пенисот главно бараат млади и здрави мажи, беа какви и да се физиолошки проблеми.

Во студијата уште се наведува дека еден милион мажи страдаат од проблеми со ерекција, што поприма белези на епидемија. 

- Стотици илјадници дијабетичари, мажи со висок крвен притисок, оние кои се на хронична терапија, лице со писихички нарушувања и маќи со други проблеми, како што е стрес, се огромен дел од оние мажи кои имаат проблеми со ерекција, изјави урологот и андролог Константинос Костантинидис.