Анкета: Австријците и верувањата во Господ
Само 28 отсто Австријци веруваат во Господ, а 21 отсто во Светото тројство, покажува анкета на институтот Маркет по повод Велигден.
Меѓутоа, 58 отсто Австријци веруват во ангел чувар, а половината анкетирани сметаат дека има живот и по смртта, односно 38 отсто во бесмртна душа. Исто така, само осум отсто Австријци веруваат во ѓаволот, а 35 отсто веруваат дека Бог сака луѓето да прават добри дела.
Секој педесетти Австриец верува во вампири. За Австријците на прво место како грев е кражбата, а на дното е работа во недела и празници, односно преминување во друга вера и откажување од црквата.
Што се однесува до Католичката црква, анкетираните (37 отсто) сметаат дека таа би требало да пренесува вредности и да не дозволи да потпадне под модни трендови.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење