Loading Video...
Фудбал
9. јуни 2019 - 19:03

Aнглија подобра од Швајцарија во дуелот за 3.место во Лигата на нациите

 
на европската фудбалска сцена, денеска на програмата завршните плејоф дуели во А дивизијата од Лигата на нациите. 
 
Во дуелот за 3.место Англија по подоброто изведување на пенали со 6:5 ја совлада Швајцарија. 
 
Откако регуларните 90, но и по дополнителните 30-минути немаше голови, во пенал „рулетот“ подобри беа Англичаните. 
 
Решавачка беше шестата серија во која Даер погоди за Англија, додека Дрмиќ не успеа да го совлада Пикфорд. 
 
Во големото финале кое ќе се игра вечерва од 20:45 часот во Порто ќе се сретнат домаќинот Португалија и Холандија.