Анѓушев: Има заинтересирани инвеститори за „Колска“ и „Еурокомпозит“
Државата распиша повик за избор на меѓународни консултанти кои ќе изработат документација за приватизација на велешката фабрика за шински возила „Колска“, прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ и ски центарот Попова Шапка.
- Се распишува тендер за консултантски услуги за да се изработи професионален дју дилинџес, правен, технички и финансиски, за секој кој ќе сака да влезе во приватизацијата на овие компании има транспаретни податоци еднаква почетна стартна позиција. Сакаме да избереме меѓународни професионални консултантски куќи од редот на најголемите за тие извештаи да бидат валидни и атрактивни за сите странски инвеститори, информира денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.
Како што потенцираше, и за „Колска“ и за „Еурокомпозит“ има иднина и заинтересирани инвеститори и во тие капацитети ќе биде потребен и поголем број од сегашните вработени.
- Вработените не само што ќе останат, нормално тие кои ќе го сакаат тоа, туку и ќе бидат малку, бидејќи и во едната и во другата фабрика за да се одвива технолошкиот и производствениот процес во целост недостасуваат вработени, доколку се воспостави активноста така како што треба. Длабоко сум убеден врз база на тоа што го имам како сознание и интерес од компаните од светот дека и „Колска“ и „Еурокомпозит“ имаат иднина и оти дополнително ќе вработуваат, пред се млад и стручен кадар кој ќе биде потребен за обновување на технолошкиот процес, изјави Анѓушев.
Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се разгледува барањето на земјоделците за владина помош поради ниската откупна цена на јачменот со Програмата за поддршка на земјоделството.
- Сметаме дека Програмата за поддршка на земјоделството треба да претрпи подлабоки реформи, министерот за земјоделство и неговите соработници посветено работат на тоа, јас сум вклучен во таа работа, и ќе предложиме мерки кои ќе бидат поповолни за земјоделците. Сета помош која е дадена кон земјоделците годинава е значително поголема од која било помош која е дадена досега, а за разлика од порано таа стаса до реалните земјоделци, наведе Анѓушев.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри