Анѓушев: Берзата треба да се искористи за вбризгување свеж капитал во компаниите
Берзата во иднина треба да има поголема улога во економското живеење во нашата држава и да се користи како механизам за вбризгување свеж капитал во компаниите, порача вицепремиерот за економски прашање Кочо Анѓушев пред почетокот на тркалезната маса „Идната улога на пазарите на капитал во мали и отворени економии“, организирана од Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза.
-Се надевам дека во иднина ќе може да гледаме и ИПО активности на Берзата и дека се повеќе од компаниите ќе се осмелуваат да се префрлаат од ДОО во АД, бидејќи сите семејни компании во развиениот свет почнувале како ДОО, а покасно преминувале во АД и на тој начин обезбедувале свеж капитал за свое проширување. Ги охрабрувам сите компании кои денеска се ДОО, а имаат идеја за свој развој да преминат во АД и да се обидат на пазарот на хартии од вредност да обезбедат свеж капитал за нивни развој, изјави Анѓушев.
Тој прецизира дека Законот за тргување со хартии од вредност ќе биде преточен во два закона кои ќе треба да бидат успогласени со регулативата на Европската унија и кои ќе овозможат пофлексибилно и подинамично тргување со хартии од ведност. Нагласи дека на дебатата ќе бидат присутни сите чинители на пазарот на хартии од вредност.
Претседателот на Комисијата за хартииод вредност, Нора Алити посочи дека пазарот на капитал гледан во целина, може да се оцени како се уште недовршена приказна за разлика од банкарскиот сектор кој, како што рече, има долга традиција и е познат, како за бизнис секторот, така и за домаќинствата, пазарот на капитал е „новина“ за нашата држава.
-Ценам дека има доста простор за понатамошен раст како внатре во државата, така и преку регионално интегрирање. Денес сме тука да разговараме за предизвиците со кои се соочуваме како и за потенцијални одлуки и решенија за надминување на тие предизвици кои секако би требало да делуваат стимулативно, а со тоа и на економскиот развој на државата. Има повеќе предизвици, на краток рок е усогласувањето на регулативата со ЕУ, па некои од страна на законите за капитално оданочување, задолжителна котација, значи сите овие фирми ќе ги дискутираме и ќе ги искажеме нашите ставови, кажа Алити.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите