Loading Video...
Фудбал
31. May 2019 - 17:41

Ангеловски останува на селекторската функција до крајот на 2020г

Игор Ангеловски досегашниот селектор на македонската фудбалска репрезентација доби нов договор од ФФМ и ќе ги води рисовите до декември наредната година.

Условите за новиот договор ги договорија  претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и селекторот Ангеловски поради досегашната успешна соработка помеѓу двете страни. 

Со овој нов договор Ангеловски останува на чело на нашата најдобра репрезентација до крајот на новиот квалификациски циклус со посебна задача да обезбеди пласман на следното ЕП за Македонија која ја очекуваат завршните натпревари од Лигата на нациите во март наредната година.

Противник во полуфиналето на натпреварот што ќе се одигра во Скопје ќе биде селекцијата на Косово.

Ангеловски во својата изјава за сајтот на ФФМ се заблагодари на довербата и најави нови успеси на нашата најдобра селекција.