Loading Video...
Фудбал
29. August 2019 - 14:46

Ангеловски го објави списокот за дуелите со Израел и Летонија

Игор Ангеловски селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари против Израел и Летонија. 
 
Селекторот Ангеловски на располагање ќе ги има повеќето фудбалери на коишто сметаше, но составот ќе се комплетира дури во понеделник и тоа во Израел, каде ќе се одвиваат и подготовките.
 
Поради повреда го нема Ристовски, ниту Хасани кој нема клуб, додека Чурлинов е отстапен во младата селекција. Дебитант ќе биде најдобар стрелец во ПМФЛ лани Стојановски, а во составот се враќаат Тричковски, Дориев и Спировски. 
 
„За разлика од последниот дуел со Австрија, сликата сега ќе боде многу подобра сега. Ние на секој меч одиме на позитивен резултат. Се над три бода е добро, не би бил задоволен ако освоиме под три бода. Најважно е со игра да се спротивставиме на секој противник за да го добиеме мечот“, изјави Ангеловски.
 
Првиот меч е на 5 септември против Израел, а четири дена (9 септември) следува гостување во Рига кај Летонија.