Македонија
6. August 2021 - 20:13

Ангелов: Во Мачево ситуацијата ескалира и во опасност се неколку куќи

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, на својот „Фејсбук“ напиша дека ситуацијата во с. Мачево ескалира, и дека пожарот се заканува за неколку куќи.

Тој напоменува дека три хеликоптери се упатени во тој регион.

„ Три хиликоптери (еден наш и два српски) се упатија кон беровското с. Мачево каде ситуацијата ескалира и се појавува опасност за неколку куќи. Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат на овој реон (пехчевско / делчевско/ беровско) се додека има доволно дневна светлина “, напиша Ангелов