Македонија
5. August 2021 - 18:58

Ангелов: Пожарот кај „Охис“ е под контрола, нема опасност за граѓаните

Пожарот кај скопската фабрика „Охис“ е обезбеден и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, напиша на „Твитер“ директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Охис е обезбеден, пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, ниту од експлозија ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, вели Ангелов.

Причината за избувнувањето на пожарот во близина на „Охис“ попладнево е непозната, а патот кон Драчево поради пожарот беше затворен и сообраќајот е пренасочен кон Лисиче.