Ангел Димитров: Не верувам дека Софија ќе направи отстапки кон Скопје под надворешен притисок
Американската дипломатија и бугарските партнери во ЕУ манифестираат двојни стандарди кон Бугарија, но таа нема да го смени својот став во билатералните односи и не може да се очекува дека Софија ќе направи отстапки под надворешен притисок, изјави копретседавачот на бугарскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и поранешен амбасадор на Бугарија во земјава, Ангел Димитров.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, гостувајќи во надворешно-политичката емисија „Сабота 150“ на Бугарското национално радио, Димитров излезе со тврдење дека САД „најверојатно водат разговори со Република Северна Македонија околу нејзината позиција, но тоа јавно не се соопштува“.
Тој изрази резерви кон изјавата на премиерот Зоран Заев дека по изборите во Бугарија ќе се зголемат шансите за надминување на бугарското вето за старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, нагласувајќи дека позициите изразени во документите усвоени во парламентите на двете земји оневозможуваат постигнување сериозен политички компромис меѓу Скопје и Софија.
Димитров изјави и дека не е оптимист за успех на претстојниот состанок на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија, обвинувајќи ги неговите македонски колеги дека досега биле „чувари на историските митови“, а сега станале „идеолози на недоразбирањата и антибугарски ставови и однесувања, кои се крајно неприфатливи за Софија“.
Во врска со обвинувањата од Софија за наводно уништени бугарски воени гробишта крај Кавадарци, Димитров изјави дека треба да се провери дали во тој реон има воена болница, бидејќи „воени гробишта вообичаено се правеле на такви места“.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци