Џет-Сет
19. October 2017 - 14:58

Анастасија открила за што и замерува на Цеца целиот живот

Младата белградска трендсетерка Анастасија Ражнатовиќ е воспитувана според високи морални вредности, што сведочи и нејзиниот близок однос со својата мајка, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Наследничката на фолк ѕвездата сепак нешто ѝ замерува на својата мајка. Со години не ѝ било јасно зошто мајка ѝ не се брани од клевети.

-Секако дека кога бев помала, сето тоа многу ми пречеше и не разбирав во целост. Посебно што мајка ми никогаш не одговараше на повиците на новинарите. Секогаш се прашував зошто се брани. Како што созревав и растев, сфатив дека токму во тоа лежи нејзината големина и дека таа сето тоа го поднесува дамски, господски и точно го прави тоа што треба - изјавила Анастасија за српските медиуми.