Анализа: Mожат ли македонските институции да се справат со овогодинешниот снег и евентуални поплави?
Магла, снег, водени коловози - секојдневие на возачите во зимски услови. Во билтените на АМСМ секојдневно се воведуваат забрани за движење за тешки товарни возила. Последно, поради снег привремено имаше забрана за ваков вид на возила на Стража.
Подготвени ли се нашите институции за овогодинитешните дождови и снег?
Од Македонија пат се децидни дека причина за најголемите инциденти, кога возило е заглавено во снег е човечки фактор, односно немање на зимска опрема која е задолжителна.
Македонија има 50-тина критични точки, потенцијални таргети за евентуални поплави при невреме, кои се под лупата на АД Водостопаство. Багери има, функционални се, велат оттаму, ама потребна им е санација.
И додека Центарот за управување со кризи координира, Македонија пат рине снег од патиштата, АД Водостопанство спречува поплави, метеоролозите најавуваат нов влажен бран и снег веќе од овој викенд.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар