Џет-Сет
28. January 2016 - 12:38

Ана Николиќ ги шокираше oбожавателите

Познато е дека Ана Николиќ од време на време има проблеми со тежината и вишокот килограми, но овој пат со фотографиите од одмор предизвика вистинска лавина од негативни коментари на социјалните мрежи.
 
-Малку си претерала со храната, Леле колку си здебелена, Ана дали ти тоа се натпреваруваш во супер тешка категорија? – се само некои од коментарите на нејзиниот официјален профил.
 
Но Ана и покрај лошите реакции на првата споделена фотографија од одморот на егзотична дестинација „во инает на душманите“ сподели уште две фотографии од плажа и со тоа само ја разгори дискусијата на социјалните мрежи.