АМСМ: На Богородица и Дојран за излез се чека еден час
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничните премини Богородица и Дојран, каде чекањето за излез е околу час, се наведува во денешната информација објавена на веб страницата на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.
На патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до местото викано Острово, сообраќајот ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од четири километри. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.
Од вчера се применува времен режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги