Loading Video...
Фудбал
21. January 2021 - 19:54

АМС бара ФФМ да го почитува Законот за спорт

Државниот орган надлежен за спортските активности во Македонија, АМС  преку соопштение изрази незадоволство од функционирањето на  ФФМ обвинувајќи за преземање на активности спротивни на Законот за спорт и позитивното право.  

          Во дописот до јавноста АМС укажува на низа неправилности спротивни на законот за спорт поради непостапување според решението кое се однесува на усогласувањето на Статутот на федерацијата со Законот за спорт.

          АМС обвинува дека ФФМ и натаму функционира по стариот статут којшто е спротивен на Законот за спорт и со позитивното право, и спротивно на решението донесено од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка.

          ФФМ започна активности за организирање изборно собрание во периодот кога истекува мандатот на делегатите и членовите на УО коешто е спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата.  АМС бара сите спортски субјекти да ги почитуваат позитивните прописи  и нема да толерира непочитување и постапување спротивно на она што налагаат одредбите од Законот за спорт се вели до крајот на соопштението од државниот орган за спорт.

          Првиот човек на македонскиот фудбал Муамед Сејдини за утре во 12ч најави прес конференција.