Кошарка
1. October 2018 - 16:35

Американките најдобри во женската кошарка

           

            Заврши СП во кошарка за жени и тоа со триумф на селекцијата на САД која во финалето убедливо ја совлада Австралија со 73-56.

            По рамноправното прво полувреме  Американките притиснаа во третата четвртина и направија предност од 26-11 што им беше доволно со рутинска игра во последната четвртина да обезбедат мундијалска титула.

            Лидер на тимот беше Бртни Грајнер со 15 поени додека признанието најдобар играч на првенството и припадна на Стјуарт која ја предводи најдобрата петорка заедно со сонародничката Таураси, Кејмбејџ од Австралија, Ема Месеман – Белгија и Шпанката Еста Ндур.