Македонија
28. March 2021 - 17:07

Американец пронајден мртов во стан во Скопје

Вчера во 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Скупи“ бил пронајден починат М.В.Д.(66) од САД, со престој на ул.„Скупи“, соопштуваат од МВР.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.