Loading Video...
Кошарка
25. July 2019 - 9:41

Американците се далеку од „Дрим тим“ за претстојното СП

Како наближува почетокот на Светското кошаркарско првенство во Кина, така брантителот на трофејот САД е се подалеку од составувањето на таканаречениот „Дрим тим“. Кевин Лав е последниот во низата кошаркари кои го откажаа својот настап на престојниот Мундо-Баскет во Кина, кога е во прашање селекцијата на САД. 
 
Откако „нога повлече“ првата ѕвезда Џејмс Харден, кој најави дека ќе се посвети на лична подготовка за престојната НБА сезона, наместо да настапува на првенството, неговиот пример го следеа уште осуммина кошаркари (Демијан Лилард, Демар Дерозан, Ентони Дејвис, Тобијас Херис, Си Џеј Мекалум, Дредли Бил, Ерик Гордон и Зајон Вилијамсон), последното откажување дојде од крилниот центар на Кливленд,  Кевин Лав. 
 
Така бројката на играчи кои му откажаа на селекторот Грег Попович, сега веќе изнесува десет.  Под знак прашање е и настапот на плејмејкерот на шампионот Торонто, Кајл Лаури кој закрепнува од повредата на раката,
 
Иако Американците секогаш имале голем број на квалитетни играчи сепак, со она што засега моќе да смета Попович (Харисон Барнс, Џелејн Браун, Андре Драмонд, Кајл Кузмна, Брук Лопез, Кајл Лаури, Крис Мидлтон, Пол Милсап, Донован Мичел, Џулиус Рендл, Маркус Смарт, Џејсон Татум, Пи Џеј Такер, Мајкл Тарнер, Кемба Вокер и Тадеус Јанг), е далеку од епитетот „Дрим тим“.