Американците го завршија мундијалот со победа
Кошаркарите на САД ја победија Полска 87:74 (28:14, 19:16, 16:25, 24:19) и го освоија седмото место на Светското првенство во Кина.
Една од најлошите селекции составена од НБА играчи првенството го заврши со победа, која сепак нема да го поправи впечатокот што Американците го оставија во Кина. Седмото место е најлошиот пласман на „јенките“ во историјата на Светските првенства. Претходниот најлош пласман Американците го имале на СП во 2002, во Индијанаполис, кога биле шестти.
Полјаците од друга страна не успеаја да направат уште едно изненадување, но сепак не го расипаа впечатокот што го оставија на овој турнир.
Мечот, со ревијален карактер, Американците го решија во последните три минути од првата четвртина, кога со серија 10:0, остварија предност 28:14. САд во текот на мечот немаа поголема предност од 17 поени.
Полјаците се обидоа да се врата во мечот, третиот мериод го добија со 25:16, неколку пати ја спуштаа разликата на седум поени, но не успеаја целосно да се вратат во натпреварот.
Донован Мичел ги предводеше Американците со 16 поени, 10 асистенции и 3 скока, Џо Херис постигна 14, а Крис Мидлтон имаше 13 поени и по 6 скока и асистенции. Касј Полска најдобри беа Матеуш Понитка со 18 поени и 7 скока, односно Адам Вачиски со 17 поени и 5 скока.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација