Македонија
30. November 2016 - 17:56

Амбасадорот Жбогар ја посети Шарена џамија


Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар денеска заедно со неговите соработници го посети историскиот споменик на културата, Шарена џамија во Тетово.


Тој беше пречекан и придружуван од државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи.

Жбогар, од Шехапи, кој по професија е историчар на уметноста, доби детални историски податоци за знаменитоста и значењето на овој историски споменик на исламската уметност кај нас, кој по многу нешта е уникатен не само во Македонија.