Балкан
18. July 2016 - 23:44

Амбасадорот на САД демантираше дека Вашингтон стои зад обидот за пуч во Турција

Американскиот амбасадор во Турција Џон Бас изјави денеска дека тврдењата на некои медиуми и јавни личности дека Вашингтон го поддржал обидот за воен удар во таа земја се „чиста лага“ и оцени дека таквите шпекулации го нарушуваат пријателството со НАТО сојузникот. 

Бас во соопштението, кое е објавено на сајтот на американската Амбасада наведе дека САД се подготвени да и пружат помош на Турција во истрагата за неуспешниот пуч, додавајќи дека САД ќе го разгледаат секое барање за екстрадиција доколку е во согласност со законските прописи.

Турскиот министер за труд Сулејман Сојлу и други истакнати личности тврдат дека САД стојат зад обидот за државен удар во Турција.