Македонија
11. February 2019 - 16:28

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов прв се кандидира во СДСМ за претседателските избори

Екс амбасадорот во Берлин и Виена е првиот кандидат кој ќе се обиде преку Конгресот на СДСМ да обезбеди кандидатура за претседателските избори. 63 годишниот доктор на технички науки вели дека ако ја добие довербата ќе делува според принципот на власта, едно општество за сите.

Кој ќе му биде конкуренција на Филипов на Конгресот на владејачката партија закажан за 3 март се уште нема официјални информации. Во јавноста се шпекулира со повеќе имиња, а се чини најсериозни се тројцата вицепремиери и координаторот за НАТО Пендаровски.

Во ВМРО-ДПМНЕ позната конкуренција. Девет кандидат се борат за поддршката на повеќе од 550 регистрирани делегати на партиската конвенција закажана за оваа сабота во Струга. Во прилично широкиот избор се чини најголеми шанси имаат универзитетската професорка Гордана Силјановска и долгогодишниот партиски функционер и пратеник Влатко Ѓорчев.

Тие во последниве неколку дена засилено работат на терен и ја претставуваат својата програма пред општинските ограноци на опозициската партија.

Во албанскиот политички блок се уште не се знае ништо. И покрај најавата на ДУИ дека претседателската трка ќе ја трча со сопствени сили, и Ахмети и Заев се уште не ја отфрлаат можноста на изборите да настапат со заеднички кандидат.

Покрај нив не треба да биде изненадување и кандидатура на некоја од помалите политички партии од власта и опозицијата како и оние кои делуваат вонпраламентарно.

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април. Вториот круг, е закажана за две недели подоцна, на 5 мај.