Алтхаузер: Сите политичари да се ангажираат за излез од кризата

Сите политичари мора да работат заедно за да дојдат до решение на кризата во Македонија, изјави германската амбасадорка Кристине Атлтхауезер која денеска заедно со нејзината француска колешка Лоренс Оер во ФФМ го промовираа проектот „Фудбал без граници.
- Причината што сме тука е да претставиме проект за фудбалот, кој ги зближува младите луѓе. Истакнав дека фудбалот е инклузивна игра, во која е потребно сите играчи да учествуваат заедно за да постигнат резултат, а истото важи и за политиката. Сите политичари мора да работат заедно за да дојдат до решение на оваа навистина сериозна криза во Македонија. Нашиот денешен фудбалски пример е добар и за вкупната политичка ситуација, рече Алтахаузер одговорајќи на новинарско прашање.
Во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на дел од помилувањата, рече дека уште од почетокот, без недоречености, апелирале за целосно, комплетно повлекување на одлуката за помилување од 12 април.
Ново на Сител
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
