-->
-->
Алонсо додаде уште една легендарна трка на распоредот за 2019 година
-->
Фернандо Алонсо официјално објави дека ќе учествува во „24-те часа на Дајтона“ во 2019 година. Шпанецот ќе вози „Кадилак ДПИ“ во тимот на Вејн Тејлор, заедно со уште еден поранешен пилот на Формула 1, Камуи Кобајаши. Двајцата ќе се приклучат на стартните пилоти на „Вејн Тејлор Рејсинг“ – Џордан Тејлор и Рангер ван дер Занде.
Алонсо ќе учествува по вторпат во трката со спортски автомобили. Минатата година тимот на Шпанецот заврши на 38 место поради проблеми со кочниците.
Двократниот шампион во Формула 1, исто така, ќе настапи на најпознатата Индикар трка – „Инди 500“ со тим на Мекларен.
– Ова се несомнено некои од најголемите трки во Америка и мотоспортот во целина, се надевам дека можеме да се бориме за победа, изјави Алонсо.
Во 2017 година, „Вејн Тејлор Рејсинг“ јаосвои 24-часовната трка.
Освен „Инди 500“ и „24-те часа на Дајтона“, Алонсо ќе ја заврши и сезоната во Светските серии за издржливост на ФИА следната година, која ќе заврши во јуни со второто издание на „24-те часа на Ле Ман“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право