Александар Вучиќ разговараше со Мајк Пенс во Белата куќа
Српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот потпретседател, Мајкл Пенс, на синоќешната средба во Вашингтон ја изразиле желбата за продлабочување на партнерството меѓу своите земји, јавија белградските весници.
Лидерите се согласија дека билатералните односи меѓу Белград и Вашингтон имаат важно значење и изразија желба да го продлабочат партнерството меѓу САД и Србија, соопшти Белата куќа.
Пенс го уверил својот гостин дека САД ги поддржуваат напорите на Србија, насочени кон нејзино приклучување во Европската Унија. Тој го повикал српскиот лидер да ги продолжи реформите и да ги нормализира односите со Косово.
Весникот „Данас“ забележува дека Вучиќ својата средба со Пенс и посетата на САД ги сумирал во неколку збора - „ добро е денеска да си граѓанин на Србија во Вашингтон“.
Вучиќ им честитал на Пенс и претседателот Трамп за победата на изборите и ги поканил да ја посетат Србија, ветувајќи им ја најдобрата посета во овој дел на Европа, пишува „Данас“.
Тема на разговорите биле и одосите со Русија. Србија има пријателски односи со Руската федерација, но и со сите други држави, кажал Вучиќ.
На прашањето дали Србија, исто како САД, го признава уставното име на Македонија, српскиот претседател одговори дека Србија го призна уставното име на Македонија, иако како земја таа, пак, ја призна независноста на Косово, како што кажа, веројатно против волјата на своето население.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та