-->
-->
Александар Васовски: Ако ја поправиме ефикасноста можеме во следната рунда
-->
Македонскиот првак Вардар, вечерва против Динамо, ќе го игра реванш натпреварот од 1.коло во квалификациите за Лигата на шампиони, во кој црвено-црните ќе стартуваат со негатива од 2:1.
Сепак, вардарци не ги напушта оптимизмот дека можат да направат изненадување и да ја минат оваа пречка.
- Согледувајќи го првиот натпревар во кој одигравме одлично, овојпат ќе мора да ја повториме играта и да ги коригираме грешките кои Динамо знаеше да ги казни. Доколку ја поправиме и реализацијата односно ефикасноста можеме во следната рунда. Знаеме дека треба да постигнеме минимум два гола, за да поминеме понатаму. Но, тоа не значи дека од самиот старт, од првата минута, ќе тргнеме нападнеме со сите сили безглаво кон голот на Динамо кој би знаел тоа да го казни и да постигне гол. Напротив. Постепено ќе притискаме да постигнеме гол со што ќе ги зголемиме шансите да ја оствариме целта и да се пласираме понатаму, изјави Александар Васовски првиот асистент на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски.
Натпреварот Динамо Загреб – Вардар ќе се игра на стадионот „Максимир’’ со почеток од 20 часот и 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ