Македонија
8. September 2019 - 13:22

Албанскиот претседател Мета упати честитка до претседателот Пендаровски по повод Денот на независноста

 Албанскиот претседател Илир Мета упати честитка до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и до сите граѓани на државава по повод Денот на независноста.

– Дозволете ми со посебно задоволство во мое и во име на албанскиот народ да упатам искрени честитки и топли братски поздрави до Вас и сите ваши граѓани. Искажувам убеденост дека благодарение на вашата волја, искуство и визија одличните меѓусоседски односи и соработка, кои постојат меѓу нашите земји и народи и понатаму ќе се зацврстуваат во иднина, стои во честитката на Мета.

Посочи дека големо влијание во зацврстувањето на односите меѓу двете земји имало и има постојаното подобрување на меѓуетничките односи.

-Горди сме за исклучителниот придонес на Албнците во Северна Македонија што го даваат за стабилноста и евроатланската интегрција на земјата. Убеден сум дека македонската заедница во нашата земја ќе продолжи да биде силен мост на пријателство и соработка меѓу нашите две земји и народи, стои во честитката.

Тој ја поздрави визијата и храброста во постигнувањето на историскиот договор од Преспа, кого го нарекува пример за целиот регион, кој „не само што ќе ја зацврсти евроатланската перспектива на земјата, туку ќе го напрви регионот побезбеден”.

– Убеден сум дека нашите земји тесно ќе сорботуваат во рамките на Северноатлантската алијанса, како и во заедничкиот пат кон ЕУ. Примете ги уште еднаш најискрените честитки со желби за понатамошен развој и напредок на Вашата земја, стои во честитката Мета до Пендаровски по повод Денот на независноста.