Балкан
17. October 2015 - 9:32

Албанската полиција заплени над три тони канабис

Албанската полиција заплени 3,2 тони канабис во голема операција во планински регион близу Ѓирокастро.

Полицијата не уапсила никого и не наведува за осомничени.

Според албанската Влада, во минатата година бил уништен канабис кој можело да биде продаден за седум милијарди евра – сума која е две третини од БДП на државата. зш/09:13