Албанската опозиција бара извештај од Рама за муџахедините
Најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), побара од премиерот Еди Рама детална информација и транспарентност во врска со приемот, бројот и третирањето на иранските државјани, поранешни членови на организацијата Народни муџахедини (МЕК).
Оценувајќи го како многу значајно стратешкото партнерство со САД и искажувајќи максимална поддршка на заедничките цели, ПД прашањето за муџахедините го смета за значјано во областа на националната безбедност и бара целосна информација околу текот на овој процес.
Како што јави допсиникот на МИА, потпретседателот на парламентарната Комисија за безбедност, демократот Фљамур Нока, до Парламенотот достави барање за целосна информација за текот на процесот на префрлање на муџахедините и подготовката на државните структури за прифаќањето на останатиот нивни број .
- Од премиерот Еди Рама бараме детални информации за прифатните кампови, понудените стандарди, заштитата и нивното третирање. Посебно бараме пред пратениците да покажете целосна трансарентност околу ова прашање, бројот на досега пристигнатите муџахедини, колку уште Владата планира да прифати и нивното движење низ земјата, стои во барањето на Нока.
Кога во Тирана, во средината на февруари годинава престојуваше американскиот државен секретар Џон Кери, албанските медуми пренесоа дека тој во Тирана дошол поради муџахедините. Агенцијата Балкан веб пренесе и изјава на висок функционер на американскиот Стејт департмент, кој соопшти дека во изминативе две години Албанија прифатила „илјада муџахедини и се согласила да прими уште две илјади“.
- Всушност САД и помогнаа на Албанија за да ја прифати оваа група, која и помогна на американската војска во текот на операциите на Блискиот Исток, во борбата против тероризмот. Оваа помош изнесува 20 милиони долари преку Високиот комесаријат на ОН за бегалци, (УНЦХР), изјави високиот американски функционер.
Според агенција Балкан веб, тоа значи дека Албанија ќе ги згрижи сите муџахедини од кампот „Слобода“ во Ирак.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари