Џет-Сет
8. May 2018 - 20:11

Албанката од Косово ќе пее на финалето на Лигата на шампионите: Дуа Липа ќе пее во Киев пред дуелот Реал - Ливерпул

Популарната британска пејачка Дуа Липа ќе настапи на 26 мај на стадионот во Киев пред почетокот на финалниот натпревар од Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

-  Почестена сум што ме повикаа, тоа е можност што се добива еднаш во животот. Среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл, планирам да направам неверојатно шоу, изјави 22-годишната пејачка.

Дуа Липа е родена во Лондон и има албанско потекло, а нејзиното семејство во 90-тите години се преселило од Косово.

Изминативе години меѓу познатите музички имиња кои настапија на финалето на Лигата на шампионите се групата Блек ај пис и пејачката Алиша Кис.

УЕФА вчера соопшти дека финалето ќе го суди српскиот арбитер Милорад Мажиќ.